Правдико

   

Нови предлог измени во Законот за игрите на среќа и за забавните игри

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Целта на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри  е да се избегне можноста од штетни последици кои можат да ги предизвикаат игрите на среќа врз малолетниците, да се даде правото за релиценцирање на приредувачите на игрите на среќа и да се зголеми свеста за плаќање на јавните давачките.

Законот за изменување и дополнување чие донесување се предлага се заснова врз истите начела на кои се засновало донесувањето на основниот закон.

Основни решенија на Предлогот на закон се:

– релиценцирање на приредувачите на игрите на среќа на кои им е издадена лиценца за приредување игри на среќа, односно да можат пред истекот на рокот на важноста на постојната лиценца да поднесат барање за нова лиценца;

– воведување на обврска за приредувачите на игрите на среќа  во деловната просторија каде што се приредуваат игрите на среќа да истакнат натпис на влезната врата на деловната просторија дека се забранува влез на лица под 18 години;

– се засилуваат овластувањата на Управата за јавни приходи, како инспекциски орган, да може во секое време, при надзор, да врши увид во документацијата со која се докажува возраста на затекнатите лица во просториите каде што се приредуваат игрите на среќа;

– приредувачот кој  поднесува барање за издавање лиценца да достави до Министерството за финансии потврда дека трговското друштво дека нема блокирано трансакциска сметка во банка во моментот на поднесување на барањето и потврда дека ги има подмирено јавните давачки по основ на даноци, царини и придонеси за задолжително социјално осигурување;

– се дава право на Министерството за финансии да не издава решенија и дозволи за приредување игри на среќа и забавни игри, доколку подносителите на барањата ги нема подмирено јавните давачки по основ на даноци, царини и придонеси за задолжително социјално осигурување и

– воведување на глоба од 5.000 евра за правното лице доколку овозможи влез и учество во игрите на среќа на лица помлади од 18 години, а ако прекршокот се повтори во рок од две години, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност во траење од шест месеци до две години.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико