Нови предлог измени во Законот за катастар на недвижности
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предложените измени и дополнувања се во согласност со Извадокот од Нацрт- записникот од Сто дваесет и шестата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 15.12.2015 година, за бришење на условот кој се однесува на познавање на англиски јазик со поседување на меѓународно признат сертификат Аптис. Со предложените измени се предлагаат и други одредби и тоа:
– одредби со кои се уредува надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности без надоместок да врши премер на згради, посебни делови од згради и други објекти за кои градежно техничката документација била издадена до влегувањето во сила на катастар на недвижности за предметната катастарска општина.
-одредби со кои се доразработува членот 211 кој го уредува ажурирањето на податоците за недвижностите по службена должност,
– одредби со кои пропишуваат нови рокови за доставување пријави за запишување/евидентирање на инфраструктурните објекти со што постојните рокови се одложуваат за една година и
– одредби за влегување во сила на овој закон.
Основната цел поради која се предлага измената и дополнувањето на Законот за катастар на недвижности е во насока на усогласување со Законот за административни службеници во смисол на бришење на условот кој се однесува на познавање на англиски јазик со поседување на меѓународно признат сертификат Аптис, во насока на уредување надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности да врши премер без надомест на згради, посебни делови од згради и други објекти за кои градежно техничката документација била издадена до влегувањето во сила на катастар на недвижности за предметната катастарска општина, во насока на зголемување на процентот на запишани права по пат на ажурирање на податоците за недвижностите по службена должност, како и во насока на продолжување на рокот за поднесување на пријави за запишување/евидентирање на инфраструктурните објекти.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА