Нови предлог измени во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост | Правдико

Правдико

   

Нови предлог измени во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieВо Законот зa приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се наметна потреба од негово изменување и дополнување во насока на прецизирање на одделни изрази употребени во овој закон во однос на институтот корисници на градежно земјиште и поимот објекти изградени со правна основа.

Со измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се создава можност да се приватизира градежно земјиште во државна сопственост на кое корисници се поранешни сопственици и физички лица кои за стекнатото право на користење на градежното земјиште платиле надоместок, а кое влегува во една или повеќе градежни изградени парцели, а по претходно прибавена согласност на сопствениците на објектите на градежните изградени парцели, a воедно се врши прециизрање на постојната одредба за можноста да се приватизира градежното изградено земјиште дефинирано како градежна парцела со класа на намена А-домување, на кое право на сопственост имаат физички и правни лица, во чија градежна парцела учествува и земјиште сопственост на Република Македонија, при што предмет на приватизација може да биде и земјиштето сопственост на Република Македонија, во површина која во градежната парцела влегува до 500 м2, независно од површината на градежната парцела дефинирана со актите за урбанистичко планирање.

Со измените и дополнувањата на Законот зa приватизација се создава можност барателот до донесување на решението за приватизација во прв степен, да може да го прошири барањето и во однос на градежното земјиште од катастарски працели кои не биле опфатени во барањето, а се во иста градежна парцела, потоа можноста со согласност на барателот до донесување на решението за приватизација во прв степен, кон барањето за приватизација да може да се приклучат други физички или правни лица – сокорисници на градежното земјиште за кое е поднесено барањето, односно се сопственици на објекти на градежното земјиште предмет на приватизација, како и можноста постапката за приватизација да може да продолжи спрема лице кое во текот на постаката се стекнало со право на сопственост на објект на градежното земјиште предмет на приватизација.

Во насока на поголема ефикасност на постапките, со Законот зa приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се укинува обврската на органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи утврдена во членот 30 од законот (односно изготвеното нацрт-решение за приватизација пред да се достави до барателот да се достави на мислење до Државниот правобранител на Република Македонија), кој сега со предложените измени како и барателот има право да ја оспорува неговата правилност и законитост со редовно правно средство.

Целосниот текст на предлог измените можете да го погледните ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико