Нови предлог измени во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/2005, 13/2007, 165/2008, 146/2009, 18/2011 и 51/2011), рокот за поднесување на барања за приватизација истече на 31 декмври 2012 година. По истекот на рокот на земјиштето на кое постои право на користење на физички лица и правни лица треба да се воспостави закуп. Според досегашното законско решение постапките за воспоставување на закуп на градежното земјиште во државна сопственост беше предвидено да ги спроведува Министерството за транспорт врски. Со овој предлог на закон се предлага воспоставувањето на закуп на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење да се спроведува пред органот на управата надлежен за имотно правните работи.
Помеѓу другото, законот се дополнува во однос на можноста да се врши приватизација на градежното земјиште под објект во услови кога не е донесен Детален урбанистички план. Истовремено, се врши допрецизирање на одредени одредби од законот кои се однесуваат на условите, начинот и постапката за приватизација на градежното земјиште кои во досегашното спроведување на законот создаваа дилема и невоедначена пракса пред органите кои го спроведуваа законот.
Поради истекот на рокот за поднесување на барања за приватизација, на земјиштето на кое постои право на користење на физички лица и правни лица и за кое не е поднесено барање за приватизација или барањето за приватизација е правосилно одбиено, треба да се воспостави закуп. Според досегашното законско решение постапките за воспоставување на закуп на градежното земјиште во државна сопственост беше предвидено да ги спроведува Министерството за транспорт врски.
Целиот текст на Предлог – Законот можете да го превземите ТУКА