Нови предлог измени во Законот за спортска академија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за спортска академија е заради потреба од дорегулирање на одредени нормативни решенија, и тоа за можноста спортската академија да ја врши својата дејност и надвор од своето седиште (дисперзирани паралелки), начинот и условите на престанок на статусот на ученик на спортска академија, доделување на стипендии на учениците на спортска академија под услови утврдени со овој закон, како и условите кои теба да се исполнат за директор на спортска академија.
Целта на предлог законот е да се даде законски основ спортската академија да ја врши својата дејност и надвор од своето седиште (дисперзирани паралелки), да се регулираат начинот и условите на престанок на статусот на ученик на спортска академија, начинот и условите за доделување на стипендии на учениците на спортска академија под услови утврдени со овој закон, како и условите кои теба да се исполнат за директор на спортска академија.