Нови предлог измени во Законот за стечај | Правдико

Правдико

   

Нови предлог измени во Законот за стечај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie111Согласно Заклучокот на Владата на Република Македонија од Извадокот од Нацрт- записникот од Шеесет и петата седница одржана на 31.03.2015 година, точка: 20, Министерството за економија пристапи кон дополнување на Законот за стечај во насока на тоа да се овозможи користење на податоци и електронско поврзување на органите надлежни за спроведување на стечајната постапка со Агенцијата за катастар на недвижности, со тоа што ќе се обврзат исправите за правен основ кои се во врска со катастарот на недвижности, заедно со пријавите за запишување и доказот за платен надоместок по електронски пат да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности.

Со Предлог на законот се пропишува дека овластениот стечаен управник е должен електронски да се поврзе со Агенцијата за катастар на недвижности заради прибавување на податоци од катастарот на недвижности неопходни за спроведување на предходната постака како и постапката по продажба на имотот на стечајниот должник по пат на е-аукција.

Електронското поврзување ќе се спроведе во рок од три месеци од денот на влегување во сила на овој закон, со што ќе се овозможи овластениот стечаен управник сите акти кои содржат правен основ врз основа на кој се врши запишување/прибележување во катастарот на недвижностите, а се донесени во врска со спроведување на предходната или стечајната постапка заедно со пријвите за запишување по електронски пат да ги доставува до Агенцијата за катастар на недвижности.

Се пропишува обврска за стечајниот управник по добиено писмено барање од стечаен доверител во кое се бара информација во врска со стечајната постапка, стечајниот управник во рок од осум дена да даде одговор на доставеното писмено барање. Доколку бараната информација е достапна во регистарот на Е-стечај кој се води во Централниот регистар или е депонирнаа во стечајното досие, за тоа стечајниот управник писмено ќе го извести доверителот кој го поднел барањето за информација.

Исто така се пропишува дека при гласање за усвојување на планот за реорганизација, за усвојување на планот е потребно да го добие потребното мнозинство во сите групи на доверители во стечајната постапка во насока на доследно почитување на законската одредба за еднаков третман на доверителите во рамки на секоја група на доверители.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете  ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико