Нови предлог измени во Законот за земјоделско земјиште
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште, и тоа:
-рационално користење на земјоделското земјиште,
-заштита на земјоделското земјиште,
-обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.
Целта на предлог законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доупредување на постојните законски одредби кои во досегашниот закон беа прецизно уредени како и предвидување на нови законски решенија кои се :
-предвидува постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на јавен оглас наместо за површини до 10 хектари и над 10 хектари да се спроведува за површини до 3 хектари и за површини над 3 хектари и
-усогласување на Законот за земјоделското земјиште со Законот за катастар на недвижности со што се овозможува електронско поврзување и користење на податоците од ГКИС преку е-катастар.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА