Новинарите бесплатно ќе ги користат услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за недвижности
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На вчерашната седница на Владата беше донесена мерка со која медиумите ќе може бесплатно да ги користат услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за недвижности, што ќе овозможи непречено истражување.
Како што соопштија од владината прес служба, со оваа мерка, Владата на Република Македонија излегува во пресрет на барањата на новинарите и на новинарските здруженија за обезбедување слободен пристап до извори на информации од посебно значење за истражувачкото новинарство.
Извор: Макфакс