Новинарите добија медија-центар во кривичниот суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Основниот суд Скопје 1 беше промовиран медија-центарот на судот наменет за претставниците на медиумите што ја следат работата на судот, а е опремен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Центарот е опремен со шест компјутери, библиотека со стручна литература и аудио и видеоопрема за следење на судењата во судницата 1, каде што се одржуваат повеќето од главните расправи што се од интерес на јавноста.
Ова е прв ваков центар што функционира во една правосудна институција, а е во рамките на заложбите на судот за поголема транспарентност и отвреност со медиумите и граѓанските организации како претставници на јавноста.
Беше промовирана и стратегијата за развој на транспарентноста, објавена во електронска форма на веб-страницата на судот. Стратегијата е почетен докуемнт за развој и понатамошно градење на односите на судот и медиумите.
Денешната промоција е заокружување на проектот на судот со Мисијата на ОБСЕ во Скопје за јакнење на односите на судот со јавноста, при што беа објавени и информативни двојазични табли и брошури наменети за запознавање на граѓаните за нивните права и обврски.
Обраќање имаа претседателот на судот, Иван Џолев, и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој ја истакна заложбата на Основниот суд Скопје 1 за унапредување на односите со јавноста како пример за другите правосудни органи.
Извор: Макфакс