Правдико

   

Новинарите го бојкотираа рочиштето за „Диво Насеље“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

novinari-pred-sud-860x680

Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари.

Претходните две рочишта се одржаа во големата сала на Врховниот суд, но за денеска од судот соопштија дека не можат да ја отстапат салата поради реновирање.

Новинарите што беа пред Основниот суд Скопје 1, решија да не направат компромис и никој да не влезе во судницата. Во судницата влегоа само снимателите и фоторепортерите за да направат инсерти.

На денешното рочиште исказ треба да дадат четворица сведоци на Обвинителството, жители на Диво Насеље.

Извор: Мета

Партнери на Правдико