Новинарите што имале контакт со кумановскиот градоначалник ќе бидат во изолација | Правдико

Правдико

   

Новинарите што имале контакт со кумановскиот градоначалник ќе бидат во изолација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Десетина новинари и сниматели од разни редакции вчера биле во Куманово и имале контакт со градоначалникот Максим Димитриевски кому денеска му е дијагностициран коронавирусот.

Тие биле присутни за време на прес-конференцијата што се одржала пред почетокот на седницата на општинскиот Кризен штаб, а потоа снимателите правеле инсерти за време на седницата во општинската сала.

Во салата на прес-конференцијата, каде што се обратија техничкиот премиер, Оливер Спасовски, и вицепремиерот, Бујар Османи, присутни беа новинари на телевизиите „Телма“, „Сител“, „Алсат М“, „ТВ 21“ и други.

Некои од новинарите од редакциите снимале и изјави и интервјуа со градоначалникот Димитриевски по завршувањето на состанокот.
Сите медиумски работници што биле во контакт со градоначалникот ќе бидат во изолација. Ќе им бидат земени брисови за тест на коронавирус. Првиот тест ќе им биде направен следниот четврток.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, утрово објави дека тестот што му бил направен на коронавирус е позитивен, односно дека е еден од 40-те жители на Куманово на кои им е дијагностициран вирусот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико