Новинарката Исмаилова осудена на 7,5 години затвор | Правдико

Правдико

   

Новинарката Исмаилова осудена на 7,5 години затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Баку ја прогласи за виновна истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова, за серија обвинувања кои од меѓународните групи за човекови права беа критикувани како политички мотивирани во врска со нејзиното известување за корупција на високи владини функционери.

5950D917-3A8D-46F1-9999-BB506A2F9B78_w308_h173

Судот во Баку денеска ја осуди Исмаилова на 7 и пол години затворска казна за обвиненија за клевета, даночно затајување, нелегални бизнис активности и злоупотреба на службената положба. Исмаилова која е дописник за Радио Слободна Европа, вели дека обвиненијата се политички мотивирана одмазда.

Вчера судијата ја запре новинарката при давањето на нејзината последна изјава, откако азербејџанскаат влада ја нарече „машина за репресија“ и го отфрли нејзиното судење како „измама“ со цел да биде замолчена.

Исмаилова пред судот изјави дека нејзиното известување докажало дека претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев и неговото семејство биле директни корисници на државниот буџет.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико