Новиот Закон за занаетчиство во Собрание | Правдико

Правдико

   

Новиот Закон за занаетчиство во Собрание

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zanaetciiСо овој закон се уредуваат условите за вршењето на занаетчиска дејност и за издавање на занаетчиската дозвола, водење на Занаетчиски регистар, организирање на чирачката работа, како и организирање и финансирање на коморски систем.

Предложените текст на Законот за занаетчиство е во насока на подобрување на регулативата во делот на занаетчиството, воведување електронски занаетчиски регистар, воведување на занаетчиска дозвола, подобрување на коморскиот систем.

Предложениот Закон ќе овозможи подобрување на регулативата во делот на занаетчиството, воведување електронски занаетчиски регистар, воведување на занаетчиска дозвола, подобрување на коморскиот систем.

-Се воведува занаетчиска дозвола, која се издава за занаетчиските дејности и претставува гаранција за квалитет на производите и услугите кои ги нудат вршителите на занаетчиската дејност,

-Се регулира финансирањето на занаетчиските комори односно согласно законското решение 90% од средствата од извршување на јавните овластувања и коморскиот придонес ќе се прелеат во занаетчиските комори (регионални и општински) додека 10% во Занаетчиската комора на Република Македонија,

-Се воведува електронски занаетчиски регистар кој ќе служи како централна база на податоци со што институциите за развој и поддршка на занаетчиството во РМ во секој момент ќе имаат јасна слика колку занаетчии се регистрирани и од кои сектори. Врз основа на која ќе можат да креираат по реални и квалитетни политики за развој и поддршка на занаетчиството.

Се воведува чираштвото кое овозможува невработено лице да биде ангажирано од страна на работодавач со цел да се стекне со вештини, компетенции и знаења за изучување на определен занает

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико