Новите надлежности на адвокатите ќе се применуваат од 1 ноември | Правдико

Правдико

   

Новите надлежности на адвокатите ќе се применуваат од 1 ноември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advИзмените и дополнувања на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Службен весник на РМ бр.84/05…115/14) се објавени во Службен весник на РМ бр.97/2015 и влегуваат во сила од 20 јуни 2015 година, а ќе се применуваат од 1 ноември 2015 година.

Новините опфаќаат:

– Проширување на опфатот на категоријата ,, регистрационен агент,, со воведување на адвокатите и адвокатските друштва кои имаат овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација,

– Пријавата за упис на трговец поединец и трговско друштво ќе се одвива исклучиво по електронски пат преку Системот за е-регистрација. Пријавата за упис ќе се поднесува во хартиена форма само ако уписот се врши врз основа на правосилна судска одлука или одлука на орган на државна управа,

-Уписот на основање на трговецот поединец и трговските друштва преку Системот за е-регистрација ќе се врши без надоместок и награда,

-Регистрациониот агент трговец поединец и трговско друштво, како сметководител/овластен сметководител, вршат електронско поднесување на пријавата за упис на основање на трговец поединец, ДОО и ДООЕЛ,

-Регистрациониот агент адвокат поединец или адвокатско друштво вршат електронско поднесување на пријава за упис на трговец поединец, пријава за упис на основање, промена и бришење на сите форми на трговски друштва определени со Законот за трговските друштва во единствениот трговски регистар.

Препорачуваме

Партнери на Правдико