Новите парламентарци ќе работат според етички кодекс | Правдико

Правдико

   

Новите парламентарци ќе работат според етички кодекс

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новиот собраниски состав ќе го усвои Етичкиот кодекс, вети претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на отворањето на меѓународниот парламентарен семинар „Структура и процедури во поглед на Етичкиот кодекс за пратениците и интегритетот на парламентарната служба“ што вчера и денеска се одржува во македонскиот Парламент.

sobranie-na-rm-640x360 

„Потребно е во ваквите намери да се истрае, но исто така е повеќе од потребно за нивно ефикасно реализирање за да се надминат дневно политички случувања и теми, да се отвори што поширока и конструктивна дискусија водејќи сметка за запазување на највисоките професионални и етички стандарди и принципи“, истакна Вељаноски при своето излагање.

Според него, постоењето на Етичкиот кодекс не значи само по себе обезбедување на убаво однесување, бидејќи „многу околности се значајни, многу предуслови и претпоставки се битни, но најбитна е волјата и подготвеноста тоа што ќе се стави на хартија доследно да се почитува и применува“. 

„Етичкиот кодекс за пратениците во македонското собрание, кој е дел од мартовскиот договор по настаните од 24 декември 2012 година – што побрзо треба да се донесе“, порача евроамбасадорот Аиво Орав, кој беше гостин на семинарот.

Според него, препораките произлезени од 24 декември содржат клучни промени во функционирањето на парламентот, како и законски санкции за несоодветно однесување на пратениците. 

„Откако ќе ги усвоите начелата, ќе го охрабриме Собранието да обезбеди и соодветни обуки, со кои ќе се изградат механизми пратениците да се сметаат за одговорни за своите дејства. ЕУ стои до вас како партнер, но не можеме да ви ги завршиме работите. Ова бара одлучност и храброст. Сите од гласачите до партиските членови треба да обезбедат демократија“, рече Орав.

На семинарот учествуваат 50 службеници од повеќе национални парламенти, како и претставници од Европскиот парламент и од ОДИХР. Според евроамбасадорот, за искрените намери на Македонија дека сака да ги спроведе препораките на ГРЕКО говори тоа што две од нив веќе се исполнети преку спроведување на законите за спречување на корупција и за спречување судир на интереси. 

Извор: Утрински

Препорачуваме

Партнери на Правдико