Правдико

   

Новите предлог измени во Законот за земјоделско земјиште доставени во Собранието

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за земјоделското земјиште , се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката кое ужива посебна заштита. Измените и дополнувања во Законот за земјоделското земјиште, се во насока на доуредување на постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на јавните научни и образовни институции како и на создавање на законска можност земјоделско земјиште во државна сопственост да се додели и на училишта за средно образование основани од општината и градот Скопје од областа на земјоделството.

Истовремено се предлага видот на планирано производство да не биде критериум за избор на најповолен понудувач. Исто така согласно Извадок од Нацрт-записникот од Деведесет и деветтата седница на Владата на Република Македонија, се изменува законот да постапката за продолжување на концесијата (закупот) да започне шест месеци пред истекот на тековната концесија (закуп).

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште, и тоа:

-рационално користење на земјоделското земјиште,
-заштита на земјоделското земјиште,
-обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.

Целта на предлог законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доуредување на постојните законски одредби и предвидување на нови законски решенија кои се однесуваат на пропишување на критериуми за определување на големината на површината која може да се додели на една јавна научна и образовни институции односно едно училишта за средно образование основани од општината и градот Скопје од областа на земјоделството. Истовремено се предлага видот на планирано производство да не биде критериум за избор на најповолен понудувач, се предлага барањето за продолжување на концесијата (закупот) закупецот да го поднесе во рок од шест месеци пред истекот на тековната концесија (закупот).

Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

 

Партнери на Правдико