Новите преговори со Грција започнуваат денес | Правдико

Правдико

   

Новите преговори со Грција започнуваат денес

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставници на грчките кредитори денес во Атина ги започнуваат преговорите со грчките власти за новата програма за финансиска помош на земјата, соопшти Европската комисија.

greek_debt_main-462007578-900x600

“Двата тима ќе пристигнат во Атина во понеделник и средбите ќе започнат веднаш”, изјави портпаролот на Европската комисија, пренесува АФП. И натаму е неизвесно дали ќе има високи претставници на Тројката – Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ).

Во Атина, се очекува Деклан Костело од ЕУ, Расмус Рифер од ЕЦБ, Делија Велкулеску од ММФ и Никола Џамариоли, шеф на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ). Грчкиот министер за финансии Еуклидис Цакалатос официјално претходниот викенд побараа нова кредитна помош од ММФ како нов чекор во преговорите со доверителите.

Грчкиот парламент, во средата вечерта го усвои и вториот пакет реформи кои ги бараа доверителите, како предуслов за преговори за новиот пакет помош за земјата. Донесувањето на овие мерки ќе значи започнување на преговорите за финализирање на третиот пакет на кредит за Грција, од најмалку 80 милијарди евра во текот на три години.

Се очекува дека оваа помош може да биде за одобрена до 20 август, кога доспева исплатата на новата рата од кредитот која е нешто поголема од три милијарди евра.

Препорачуваме

Партнери на Правдико