Новите претседатели на судовите дадоа заклетва во Судскиот совет | Правдико

Правдико

   

Новите претседатели на судовите дадоа заклетва во Судскиот совет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новоизбраните шест претседатели на основните судови попладнево положија заклетва во Судскиот совет. Претседателот на Советот, Киро Здравев, рече дека очекува како избрани претседатели да работат чесно и совесно.

Советот ги избра Миле Димовски за претседател на судот во Битола, Лидија Димова во Велес, Миле Ѓорѓиев во Делчево, Љубица Цветковска-Стојановска на судот во Крива Паланка, Зоран Стеваноски за претседател на судот во Прилеп и Ѓорѓи Андонов за претседател на штипскиот суд.

По давањето на заклетвите, новите претседатели отидоа на кафе кај претседателот на Советот, Киро Здравев. Другите избрани претседатели не положија заклетва зашто не завршила постапката за жалби.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико