Новите простории на собранието во функција од следната година | Правдико

Правдико

   

Новите простории на собранието во функција од следната година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новиот состав на парламентот на Република Македонија ќе има најповолни услови за работа досега. Со доградбата и надградбата на собраниската зграда секој пратеник ќе добие своја канцеларија.

6C99C208DBD8C94AADE4613F577FFC9C

Како што информира  главниот архитект на Собранието, Билјана Ивановска, зградата ќе биде целосно реконструирана до крајот на годината, а ќе биде ставено во функција на почетокот од идната година. Со градежниот зафат изградени се 100 простории наменети за пратенички канцеларии. Изградени се и шест сали за седници на комисиите кои ќе бидат опремени со по две простории за преведувачите и соба за техника.

Најмаркантен дел од новиот простор со кој ќе располага Собранието е големата Протоколарна сала, сместена под големата купола. Таа ќе биде повеќенаменска, главно ќе се користи за меѓународни средби и собири, а ќе биде опремена со современа техника и ќе располага со околу 250 седишта.

По примерот на парламентите на ЕУ, на Белгија, Канада, Полска, Грција и на македонското Собрание ќе добие фитнес-сала. Салата е веќе опремена, а покрај пратениците, ќе ја користат и околу 300 вработени во собраниските служби.

Реконструкцијата, доградбата, адаптацијата и надградбата на зградата на парламентот почна во 2010 година. Со овој зафат Собранието ќе добие нови 4.000 квадратни  метри корисна површина или заедно со старите вкупно 17.300 квадратни метри.
Ова е прва реконструкција на објектот на парламентот по половина век.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико