Правдико

   

Ново работно време на Управните служби во МВР

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје дека  согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје  како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им  овозможи на граѓаните навремен и  ефикасен пристап  до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.

 

За таа цел започнувајќи од  утре, 28.05 (четврток), секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на  Одделението за управни работи Скопје  во МТВ  како и дисперзираните канцеларии во ,,Беко,, и ,,Ѓорче Петров,, ќе биде со почеток од 07.30 часот до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи  во ,,Бутел,, и  ,,Драчево,, работното време од понеделник до петок ќе биде од 10.00 до 18 .00 часот.

Партнери на Правдико