Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, а во него обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.
На минатото рочиште, судот одлучи на Јанкулоска да ѝ се суди одвоено поради ризична бременост. Адвокатите на обвинетите и во предметот „Тенк“ побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека меѓу прислушуваните телефонски разговори има разговори и меѓу судии кои постапуваат по предмети на СЈО.
Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањето“. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски, кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал да се дознае во јавност.
Извор: Макфакс