Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковското езеро | Правдико

Правдико

   

Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковското езеро

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во Врховниот суд продолжува судското рочиште за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Минатото рочиште беше одложено по барање на адвокатот на одбраната Амир Алиспахиќ, кој го извести судот дека е на патување надвор од земјата.

Јавната судница на која врховните судии треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни кои на осудените им ги изрече Основниот, а ги потврди и Апелациониот суд, досега беше неколку пати одложувана.

Случајот пред Врховниот суд го застапува обвинителката Лилјана Спасоска која неодамна беше назначена за в.д. јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски. Спасоска побара од Врховниот суд прво да ги обезбеди доказите кои СЈО ги има за случајот „Монструм“, па потоа да закаже седница. Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

За денеска беше закажано и продолжението на судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, но поради јавната седница за случајот „Монструм“, од Кривичниот суд информираат дека судењето за „Диво Насеље“ продолжува в четврток.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико