Ново рочиште за Слободан Богоевски за клевета и навреда од Али Ахмети и Муса Џафери
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основниот суд Скопје 1 денеска треба да го продолжи судењето по тужбата за клевета и за навреда на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Муса Џафери, против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за негово сведочење пред Окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.
На минатото рочиште беше сослушан нотарот пред кого Слободан Богоевски го дал сведочењето. Нотарот се повикал на доверливост и тајност на податоците кои биле изнесени во сведочењето, во согласност со етичкиот кодекс на нотарите. До денешното рочиште судот требаше да ги разгледа тезите на тужителите и на одбраната.
Во овој случај Али Ахмети и Муса Џафери го тужат за клевета и за навреда Богоевски и бараат отштета од 3 милиони денари, односно 2,5 милиони денари.
Слободан Богоевски пред окружниот суд во Њујорк изјави дека Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски, кој во тоа време беше премиер, од тогашните директори во „Маѓар телеком“ примиле поткуп од 2,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.