Ново рочиште за сообраќајката кај Зебра, се очекува пресуда | Правдико

Правдико

   

Ново рочиште за сообраќајката кај Зебра, се очекува пресуда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во скопскиот кривичен суд денеска треба да се оддржи ново рочиште за сообраќајната несреќа кај трговскиот центар „Зебра“, во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска.

117835

Се очекува на денешното рочиште Судскиот совет да ја соопшти пресудата откако одбраната и обвинителството пред три дена дадоа завршни зборови.

Обвинителството побара судот да ги цени отежнителните и олеснителните околности кои стојат на страната на обвинетиот Бојан Блажевски.

Како отежнителни околности, обвинителката ги наведе зачестеноста на ваквите случаи, тоа што обвинетиот не изразил каење за време на истражната постапка и тоа што е зависник од наркотици.

Одбраната на обвинетиот Блажевски, пак, побара судот да земе в предвид тоа што „тој е млад човек“, неосудуван и тоа што е болен од хепатит ц, поради што треба да има посебна исхрана за која нема можност во затворот во Шутка.

35 – годишниот Бојан Блажевски пред судот ја призна вината за сообраќајката, рече дека се кае и се извини за загубата.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико