Ново судско рочиште против Богоевски | Правдико

Правдико

   

Ново судско рочиште против Богоевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

150355Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судското рочиште против активистот на шарената револуција и кандидат на СДСМ за пратеник Павле Богоевски. Обвинителството го товари за учество во толпа што ќе стори кривично дело, за време на протестите на шарената револуција, со што наводно направил штета на објектот на Министерството за култура.

На претходното рочиште беше повикан и претставник од министерството кој требаше да се произнесе за висината на штетата, но рочиштето беше одложено бидејќи одбраната побара време за разгледување на вештачењето кое обвинителството го достави во судница. Најавено е пред судот да се соберат активисти на шарената револуција за поддршка.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико