Ново упатство за приложени документи кон единствениот царински документ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Во рамките на оваа активност беше извршена анализа на постојните законски и подзаконски одредби и нивната усогласеност со регулативата и најдобрите практики на Европската Унија. Исто така, беше извршена анализа на практичната примена на законските и подзаконските одредби кои се однесуваат на потребната документација во царинската постапка, како и на интерните упатства од страна на царинските службеници.
Од извршената анализа на постојните одредби од Царинскиот закон, Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и Кодексот на шифри кои се употребуваат, како и на интерните упатства, утврдено е дека истите се целосно во согласност со соодветните одредби од прописите и практиката на Европската Унија. Сепак, анализата на практичната примена на прописите укажа на можноста од дополнително намалување на бројот на документи кои се приложуваат од страна на економските оператори.За таа цел, донесено е новото Упатство со кое се утврдува минималниот сет на потребни документи кои што треба да се приложат кон царинската декларација за секоја царинска постапка посебно. Останатите документи се приложуваат по исклучок и само врз основа на анализа на ризик.
Во тек е промоција на новото Упатство кај економските оператори и дополнителни обуки за царинските службеници.
Новото Упатство стапи на сила на 13 Октомври 2014 година и може да се превземе ТУКА
Извор: Царинска управа на РМ