Новогодишна магија во дворот на компанијатa КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ БИТОЛА
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Наближува најубавиот период од годината кога сите патишта водат кон најблиските, кон домот и фамилијата. Тоа се новогодшните и Божиќните празници кои ја носат цела магија и празничен дух исполнет со позитивна енергија, домашна атмосфера, љубов, топлина и подароци.
Без разлика на годините, генерациите, начинот на живот и статус сите подеднакво се радуваме на моментите кога подаруваме и кога примаме подароци, а најмногу кога се работи за новогодишни пакетчиња кои со себе ја носат магијата на среќата и празнувањето.
Кога станува збор за такви пакетчиња не е важна возраста, полот, религијата… едноставно таа ќеса полна со слатки и солени задоволства има нешто посебно што измамува насмевка на лицето на секој од нас. Покрај овој подарок, периодот на новогодишните празници е период кога секој секому посакува убави нешта и желби за успешна, бериќетна и просперитетна Нова
Година.
Понесени од таквата магија со желба да се разбуди новогодишната и празнична еуфорија во фабриката која ја нарекуваат свој втор дом, менаџментот на компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола одлучи на своите 5200 вработени да им подари новогодишни пакетчиња. И, како што може да се забележи од сите претходни активности на овој тим, беше до некаде и очекувано дека и овој настан нема да биде едноставен и секојдневен.
Имено, на приватниот паркинг простор во склоп на фабриката беше организиран „КРОШУ Маркет“ во стилот на новогодишните маркети кои се организираат во Базел, Берн, Брисел, Виена и другите поголеми европски градови. После завршувањето на секоја од смените, вработените беа упатени на паркингот каде им беа подарени новогодишни пакетчиња и беа почестени со чаша греано вино и колач за дополнување на атмосферата која целосно наликуваше на Новогодишен маркет. Голема благодарност беше изразена до соработниците од кантината ”Де Ниро” кои ја припремија оваа бајка и ја направија магијата поголема, како и до останатите најблиски соработници кои пружаатуслуги во компанијата како што се: автобускиот превозник Миг Травел, Агенцијата за обезбедување Перпетуумобиле и Битолската Амбуланта. Бидејќи во овој период од годината снегот не беше присутен, за бајката да биде целосна, организаторите на овој настан успеаја да донесат снег во дворот, не вистински, се разбира.
Целата атмосфера беше надополнета со новогодишни песни и учеството на дел од вработените кои оваа година беа маскирани како Дедо Мраз, односно Крошу Мраз со неговиот помошник Крошу Џуџе, Крошу мачка и Капетан Крошу за дополнително измамување на насмевка на лицата на вработените.
Многу смеа, убави желби за напредок, здравје, успех кај сите вработени и селфи фотографии беа дел од целиот „КРОШУ Маркет“ кој донесе и коментари од типот „закон сте, така продолжете, секогаш уникатни“ итн. Едноставно никој не останува рамнодушен кога му подарувате новогодишно пакетче, па така и овие 5200 вработени после работниот ден беа испратени дома со насмевка и со желби за поуспеша и побериќетна Нова Година.
Со оваа активност пред колективниот зимски одмор, компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола одлучи да ја затвори и одбележи оваа година која беше испреплетена со многу активности, настани, нови проекти а најзначајно е тоа што во текот на оваа година двојно се зголеми бројот на вработени и ова големо Крошу семејство значително и успешно го зголеми бројот на своите членови и ја отвори својата врата за нови семејства од целиот Пелагониски регион, вклучувајќи ги блиските соседни градови: Ресен, Демир Хисар и Прилеп.
На здравје и среќни празници!