Викторија Нуланд на 13 јули во Скопје | Правдико

Правдико

   

Викторија Нуланд на 13 јули во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нејзината посета добива на актуелност поради барањата и очекувањата дека таа ќе се вклучи во разврската на политичката криза.

02D12A78C3AFFB46A5D43984EC61A9E9

Железната дама на американската дипломатија, Викторија Нуланд, чија посета беше навестена одамна, но не беше потврдена, во Македонија ќе престојува на 13 јули. Според она што се дознава, нејзината посета не е условена од развојот на политичките преговори во земјата туку од нејзината дневна агенда.

На оваа функција, како помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Нуланд веќе беше во Македонија во јули минатата година, од која си замина со уверувања дека кризата само што не се решила. Нејзината сегашна посета доби на актуелност поради барањата и очекувањата дека таа ќе се вклучи во разврската на политичката криза и реално со тоа САД ќе го преземат водството од ЕУ, која во Македонија се доживува како политички многу попустлива и нерешителна. Од оваа политичка перспектива, нејзиното обраќање лани во Дубровник, со кое ги вознемири балканските лидери, добива уште повеќе на тежина, по „бомбите“ на лидерот на опозицијата Зоран Заев и кризата што настапи во Македонија. Тогаш Нуланд побара борба против корупцијата и демократскиот регрес за да се зачуваат вредностите на трансатлантската заедница.

„Европа не може да биде цела кога клептократите ги третираат нивните држави како извор на профит за нив и нивните пријатели. Не може да биде слободна кога изборите се манипулираат, кога слободните медиуми се замолчуваат и кога малцинствата се под закана. Не може да има мир кога корумпираните политичари се служат со политички, економски и судски закани за да се задуши опозицијата и да ги ограбат нивните граѓани“, изјави тогаш Нуланд.

Нуланд е дипломат-икона во САД и поради стилот на работа и поради поддршката што ја има и кај републиканците и кај демократите. Нејзините европски колеги ја опишуваат како „порој“, „директна“, „силна“, „сурова“ и повремено како „недипломатска“. Таа е во врвот на американската политика подолг период, при што за времето на Џорџ Буш беше заменик-советник за национална безбедност и амбасадор во НАТО, а во времето на Хилари Клинтон беше портпарол на Стејт департментот. Поради нејзините силни врски и со двата политички блока, очекувањата се дека нејзината кариера на врвот на дипломатијата на САД нема да биде засенета ни по изборите во 2016 година, без оглед на тоа кој ќе триумфира.

Како амбасадор на САД во НАТО, Нуланд беше директно инволвирана во решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија во Брисел, кој требаше да не’ доведе до членство во алијансата на самитот во Букурешт. Таа има политички пријатели во Македонија и големо разбирање околу нашата политичка ситуација, но има и многу поважни прашања на агендата, како санкциите кон Русија и кризата со Украина.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико