Правдико

   

Нуредини најави засилени капацитети за контрола и казнување на загадувачите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, најави засилени капацитети за контрола и казнување на загадувачите. Тој најави и интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, а што истовремено ќе има ефект и на намалувањето на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот.

„Веќе работиме на интеграција на енергетските и климатските политики, како и долгорочната стратегија за климатска акција, што значи интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, а што истовремено ќе има ефект и на намалувањето на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот. Во таа насока ги повикувам инспекциските служби од сите области и во рамките на Владата ќе барам засилување на капацитетите за соодветна контрола на теренот и казнување на секаков вид загадување. Ќе се заложам за подобра координација и кооперација на овие служби“, изјави Нуредини.

Тој најави и зголемување на бројот на мерни станици за загадувањето на воздухот и кажа дека се подготвува теренот и се очекува пристигнувањето на нова мерна станица во Гевгелија.

„За подобар пристап на граѓаните до овие податоци, ќе изработиме нов лесен и транспарентен софтер за употреба. Во нашиот информативен систем веќе може да биде видена тридневна прогноза за поволни временски услови за загадување, а тој ќе го поврземе и со постојниот систем за рана најава на УХМР“, рече министерот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико