НВО Инфо-центар реагира поради неусвојувањето на препораките за народниот правобранител
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.НВО Инфо-центар изразува големо незадоволство и разочараност од фактот што Собранието, поради недоволен број присутни пратеници, не ги усвои препораките на Прибе, кои се однесуваат на народниот правобранител, односно на заштитата на човековите права во државава.
„Народниот правобранител е најважната и клучна независна државна институција која треба да ги промовира, штити и унапредува човековите права на граѓаните во Република Македонија. Додека Прибе го препозна и нагласи значењето на народниот правобранител, Собранието потфрли, односно одби да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки. Држава што претендира да биде демократска и да стане дел од Европската Унија мора да ги преземе сите мерки и активности за заштита и унапредување на човековите права. Оттаму, бараме Собранието да ги консолидира своите редови и во најкраток можен рок да ја поправи нанесената штета, односно да ги усвои препораките на Прибе“, се наведува во соопштението на НВО Инфо-центар.
Извор: Макфакс