НВО од Холандија се противи на предлог резолуцијата за Сребреница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Невладина организација регистрирана во Холандија “Историски проект Сребреница” се противи на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која до српскиот парламент ја доставија пратеничките групи на ЛДП-СДА и ЛСВ-зелена партија, и ги покани истомислениците своето противење да го изразат преку веб-страницата на Собранието на Србија
Во упатството за како тоа да го направат, оваа невладината организација во соопштението потпишано од страна на Стефан Карагановиќ, потсетува дека ова, како што велат, срамна резолуција минатата година преку Советот за безбедност на ОН Велика Британија се обиде да ја протурка, но Русија стави “вето”.
Со предлог резолуцијата за Сребреница, која беше поднесена од две парламентарни групи до Собранието во средата,се бара осуда на геноцидот во Сребреница, и секое негирање дека се случил геноцид во Сребреница, и дека 11 јули треба да се прогласи за ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Невладината организација предупредува дека можното донесување на ваква резолуција “Србија би се здобила со сериозни политички, економски и морални последици”.