О2 предизвик: Вкупно 30 предлози за намалување на загаденоста | Правдико

Правдико

   

О2 предизвик: Вкупно 30 предлози за намалување на загаденоста

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пристигнале 30 проектни предлози во рамки на јавниот повик за финансирање проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој.

„O2 предизвик“ беше отворен за аплицирање од 3 до 30 ноември со цел поттикнување иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемот со загадување на воздухот во урбаните средини во Македонија.

На повикот учествуваа 30 микро, мали и средни претпријатија со свои предлог-проекти поднесени во електронска форма.

Според критериумите на повикот, а по завршената фаза на административна проверка 27 предлог-проекти имаат потполни апликации. Од нив, по 8  се однесуваат на областите „користење енергија за греење“ и „транспорт и мобилност“, 9 во областа „градежништво и урбани алтернативи“, како и две апликации со повеќесекторски пристап.

Фазата на оценување и селекција почнува во понеделник, на 18 декември, и ќе се врши од страна на Комисија составена од: Јован Деспотовски, директор на Фондот, Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Јасмина Белчовска од УНДП, Ана Чоловиќ Лешовска од Еко-свест, Татјана Атанасовска – Горздановска од 02 Коалиција, како и две стручни лица од областа на техничкото решение и деловните планови.

Предлог-проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод преминуваат во финална фаза, каде што компаниите ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред Комисијата.

Вкупниот буџет за повикот изнесува 6.000.000 денари, средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени од буџетот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико