ОАЕ: 15 години затвор за сите кои изразуваат солидарност кон Катар | Правдико

Правдико

   

ОАЕ: 15 години затвор за сите кои изразуваат солидарност кон Катар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обединетите Арапски Емирати им забранија на своите државјани јавно да изразуваат симпатии кон Катар, и најавија 15 години затвор за оние кои не го почитуваат тоа, објавија локалниот весник „Гулф њуз” и телевизискиот канал „Ал Арабија”.

Во понеделникот, ОАЕ и неколку други арапски земји ги прекинаа дипломатските односи и објавија строги мерки за прекин на превозот, комуникациските и финансиските врски со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламистички терористички групи, но и за наклонетост кон Израел и Иран. Катар ги отфрла обвиненијата.

– Ќе се преземат строги и решителни дејствија против оние кои изразуваат солидарност или се однесуваат необјективно кон Катар, а исто и против оние коишто застануваат против официјалниот став на ОАЕ, било тоа да е на социјалните мрежи или во друга писмена, визуелна или усна форма, појасни генералниот обвинител на ОАЕ, Хамад Саиф ал Шамси.

Освен затворска казна, предвидена е и глоба од 500.000 дирхами (околу 121.000 евра).

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико