Правдико

   

Обама го одобри продолжувањето на санкциите против Иран

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Барак Обама го одобри продолжувањето за десет години санкции против Иран во четвртокот, но неочекувано се воздржа од потпишување на законот кој ги обновува тие санкции.

obama

„Продолжување на Iran Sanctions Act има сила на закон и без потписот на претседателот“, изјави портпаролот на Белата куќа. Џош Ернест во писменото соопштение.

Американскиот Конгрес точно пред две седмици изгласа десетгодишно продолжување на санкциите против Иран, а текстот беше испратен на потпис на претседателот Барак Обама, кој се очекуваше да го потпише, а оваа мерка се толкува како одложување на носењето на потенцијално построги санкции до крајот на следната година. Мерката во Конгесот беше изгласана со 99 гласови „за“ и ниеден „против“, а во ноември речиси едногласно беше изгласана и во Претставничкиот дом.

Беше очекувано претседателот на заминување Барак Обама да ја потпише веднаш штом ќе ја добие. Но, Обама пропушти да мине рокот во полноќ до кој требаше да го стави својот потпис, па продолжувањето на санкциите за десет години, кои не ги сметаше потребни, доби сила на закон.

Претставниците на Белата куќа за изданието The Hill претходно истакнаа дека предлог законот нема да го наруши нуклеарниот договор постигнат со Техеран, што е главниот услов да го прифати Обама. Белата куќа, инаку, не инсистираше на обновувањето на Законот за санкции против Иран (ISA), кој истекува на 31-ви декември.

Документот му овозможува на американскиот претседател да наметне ограничувања против субјекти кои се инволвирани во развојот на балистички проектили во програмата на Иран, поддршката на тероризмот, а исто така и за нарушување на човековите права. Доколку Конгресот не ги продолжеше овие закони, тие ќе истекоа на 31-ви декември годинава.

Поборниците на овие мерки сметаат дека тие ќе им овозможат на САД да одговорат на Иран, доколку оваа земја ги прекрши своите обврски од меѓународниот нуклеарен договор, пишува The New York Times. Членовите на Конгресот и службеници од администрацијата сметаат дека продолжувањето на санкциите нема да ги крши условите од договорот потпишан на почетокот меѓу Иран и шесте светски сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико