Обама ја намали казната за Менинг, за одавање тајни на WikiLeaks
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бредли Менинг по изрекувањето на пресудата за шпионажа објави дека се идентификува како жена. Таа во август 2013 година беше осудена на 35 години затвор, бидејќи на разобличувачкиот интернет портал WikiLeaks му предала 700.000 тајни документи за американските војни во Авганистан и во Ирак.
Во ноември 2016 година, Менинг поднесе молба до американскиот претседател Барак Обама да ја намали нејзината казна пред тој да ја напушти Белата куќа, и тогаш рече дека не бара помилување.
„Единственото олеснување кое го барам е да излезам од воен затвор, откако минав шест години во изолација“, напиша Челзи Менинг, според пишувањето на The New York Times.
Менинг, која ја издржува казната во воениот затвор Форт Ливенворт во сојузната држава Канзас, во ќелијата штрајкуваше со глад и двапати се обиде да изврши самоубиство. Нејзината казна истекува на 17-ти мај 2017 година, објави Белата куќа.
Тога Бредли Менинг работел како разузнавачки аналитичар во Багдад во 2010 година кога на WiiLeaks му предал тајни документи и извештаи од боиштето, а материјалот содржеше и видоснимки од нападот на американски воен хеликоптер на наводни бунтовници во Ирак, во кој повеќе десетици беа убиен, вклучително и двајца соработници на агенцијата Reuters.
Документите кои ги предаде Менинг содржат извештаи за инциденти на боиштата во Авганистан и Ирак, досие за затвореници во Гвантанамо и околу 250.000 дипломатски извештаи на американскиот Стејт департмент кои открија меѓу другото и непријатни зајадливи коментари на сметка на многу светски државници,
Три години откако беше уапсен во Багдад, Менинг кон крајот на август 2013 година беше осуден на 35 години затвор.
Во февруари 2015 година беше објавено дека на Менинг, првпат во историјата на американските вооружени сили му е дозволено да се подложи на третман со хормонална терапија за менување на полот, додека беше во затворот во воената база Форт Левенворт. Претходно во април 2014 година, судот на државата Канзас му дозволи да го промени името во Челзи Елизабет. Изјавата на Менинг дека се чувствува жена, сериозно го комплицираше прашањето за неговото затворање, бидејќи во затворот во Форт Левенворт, казните ги издржуваат само мажи. Во март 2015 година, воениот апелационен суд во Вашингтон го призна женскиот пол на Менинг. Покрај тоа, нејзиниот адвокат тврдеше дека досеудената казна далеку ги надминува меѓународните законски норми.
Белата куќа и претходно навести дека може да ја преиначи казната на Менинг, што не е случај и со Едвард Сноуден, поранешниот аналитичар на Агенцијата за национална безбедност (NSA), кој преку британскиот весник The Guardian во 2013 година го откри постоењето на програмите за масовно следење на електронските комуникации милиони луѓе во светот, вклучително и челниците на американските сојузници во Европа. Сноуден на патот од Хонгконг каде и предаде тајните документи на медиумите, кон Латинска Америка, поради блокадите на европските воздухопловни и цивилни власти остана блокиран на аеродромот во Русија, каде што подоцна добива азил за привремен престој.
Основачот на WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж кој пет години се крие во еквадорската амбасада во Лондон, за да не биде предаден во Шведска каде е баран по истрага за наводни силувања, и стравува да не биде предаден на САД каде може да му се суди за шпионажа, претходно изјави дека ќе им се предаде на американските власти, доколку Обама ја помилува Менинг.
И Асанж и Сноуден во вторникот вечерта му се заблагодарија на Обама за помилувањето на Менинг, а WikiLeaks објави дека тоа е „победа“.
„Ви благодарам на сите кои ја водевте кампањата за намалување на казната на Челзи Менинг. Вашата храброст и одлучност го направи невозможното можно“, објави Асанж на Twitter.
„Заслужува да се каже со најголема сериозност, со добро срце: Благодарам Обама, објави Сноуден на Twitter. Исто така им се заблагодари на луѓето кои ја водеа кампањата за намалување на казната на Менинг и истакан дека тие придонеле за ваквата одлука.
Извор: Макфакс