Обама: Кампањата против Исламската држава е борба против екстремизмот | Правдико

Правдико

   

Обама: Кампањата против Исламската држава е борба против екстремизмот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставници на 22 држави разговараат за стратегија против ИСИС; Австралија чека на правна заштита на нивните сили.

CC4C600B-62D5-44FB-AF3E-A66C060902B3_w640_r1_s

На средбата со странски армиски шефови претседателот Барак Обама кажа дека воздушните напади на коалицијата продолжуваат во ирачката провинција Анбар и во Кобани, Сирија. Тој рече дека напорите предводени од САД не се само воена кампања, туку борба против форма на екстремизам што фатил корени во многу делови на регионот.

Во меѓувреме, австралискиот премиер Тони Абот вели дека ирачката влада не обезбедила потребна правна заштита за австралиските трупи кои биле испратени да советуваат и да им помагаат на ирачките безбедносни сили во нивната борба против милитантите на Исламската држава.

Абот изјави дека 200 специјални сили не биле во можност да влезат во ирачка територија, но очекува наскоро да се потпише договор.

Тој отфрли каква и да е идеја за учество на австралиските војници во копнена акција. Минатата недела шест австралиски борбени авиони и` се приклучија на коалицијата под американско водство при изведување на воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Ирак.

Во меѓувреме, државниот секретар Џон Кери повикува да се обрне внимание на грабнувањето, третманот како робови и силувањето на жени и девојки – кои спаѓаат во малцински групи во Ирак од страна на милитантите.

Кери појасни дека се работи за злоставување на жените Јазиди и девојчињата до 12 години од другите малцински групи.  Милитантите тврдат дека нивното однесување „е на некој начин санкционирано од религијата“.

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико