Обама ќе го потпише законот за дополнителни санкции кон Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест денеска соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ќе го стави потписот врз законот со кој се воведуваат дополнителни санкции кон Русија, а воедно тој го овластува да испрати и воена помош за Украина.
Ернест истакнува дека Обама и натаму има резерви во врска со овој документ, но верува дека тој му ја овозможува и флексибилноста што му е потребна, пренесуваат американските медиуми.
Потписот на Обама се очекува во текот на оваа недела, со што законот ќе стапи во сила. Со него особено ќе биде погоден рускиот воен и енергетски сектор, бидејќи се овозможува воведување санкции кон големите руски компании, меѓу кои се и „Газпром“ и „Рособоронекспорт“.
Со новиот закон американскиот претседател се овластува на Украина да и испрати помош во вид на убиствено и неубиствено оружје, вклучувајќи и антитенковско воооружување и муниција.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека има „многу сериозни причини“ да верува дека санкциите на Западот се обид за изнудување промени во режимот во Москва.
Извор: Нова Македонија