Обама ќе го повика Конгресот да одобри продолжување на воената акција против ИСИС
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на САД, Барак Обама, ќе го повика конгресот да изгласа во корист на продолжување на воените акции против Исламската држава.
Барак Обама го повика Конгресот да го одобри продолжување на воената акција во Блискиот Исток, по растечките критики дека неговите постоечки воздушни напади во Ирак и Сирија ја немале потребната законска поддршка.
Во извадоци од својот говор објавен од страна на Белата куќа, претседателот, исто така, укажува на тоа дека коалициската борба против Исламската држава ќе трае со месеци ако не и години.
“На оваа заложба ќе биде потребно време. Тоа ќе бара фокус. Но, ние ќе успееме “, вели Обама. “И вечерва, барам од Конгресот да му покажеме на светот дека ние сме обединети во оваа мисија со донесување резолуција да се дозволи употреба на сила против ИСИС”.
– ПРАВДИКО –