Обама: Кримскиот референдум го крши меѓународното право | Правдико

Правдико

   

Обама: Кримскиот референдум го крши меѓународното право

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

obama-immigration-1Претседателот Барак Обама вели дека нови санкции ќе „претставуваат цена“ за Русија заради армискиот потег во Крим и дека планирање референдум за тоа дали полуостровот  треба да се приклучи на Русија го прекршува  меѓународното право и украинскиот устав.

Обама на новинарите во Белата куќа им кажа дека извршната наредба што ја потпишал во четврток авторизира санкции, вклучувајќи и ограничувања за добивање виза, на оние кои го нарушиле украинскиот територијален интегритет или украле имот на украинскиот народ. 

Тој кажа дека чекорите биле преземени  во „тесна координација“ со американските сојузници во Европа, додавајќи дека бил „задоволен што нашето меѓународно единство се гледа во овој критичен момент.“

Претседателот кажа дека референдум во кримскиот регион на Украина закажан за 16-ти март за тоа дали да стане дел од Русија ќе го прекрши меѓународното право. Обама рече дека секоја дискусија за иднината на Украина „мора да ја вклучи легитимната влада на Украина.“

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико