Обама: Ниеден акт на изразување не оправдува насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ставот на американскиот претседател Барак Обама по повод пукањето во Далас во неделата навечер е дека ниту еден акт на изразување не оправдува насилство, соопшти портпаролот на Белата куќа.
Наведувајќи дека екстремистите се обидуваат да го искористат изразувањето кое го сметаат за навредливо како нешто што го оправдува насилството во светот, портпаролот Џош Ернест истакна дека „ниеден чин на изразување, дури и ако е навредлив, не го оправдува актот на насилство“.
Американската иницијатива за одбрана на слободата, која ја организираше изложбата на карикатури на пророкот Мухамед во Герланд во близина на Далас, понудила награда во висина од 10.000 долари за најдобра карикатура на пророкот Мухамед.
Извор: Мета.мк