Обама одобри бомбардирање на ИД во Авганистан | Правдико

Правдико

   

Обама одобри бомбардирање на ИД во Авганистан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот претседател Барак Обама даде зелено светло силите на САД во Авганистан да ги бомбардираат позициите на Исламска држава во таа земја, јавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани извори во Пентагон.

6685615413_77c0f85707_z

Весникот наведува дека одлуката на Обама ќе придонесе за американската војска да стане поефективна во борбата против терористите во Авганистан.

Претходно, американската авијација имаше дозвола да бомбардира само позиции на Ал каеда, како и во одредени случаи да дава поддршка на авганистанската војска.

Изворот, сепак, не можел да наведе дали одлуката на Обама ќе значи и зголемување на военото присуство на САД во Авганистан.

Извор: Мета

Партнери на Правдико