Обезбедувањето на Груевски не го пуштило доставувачот да му ја предаде поканата за суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На денешната јавна седница во Апелациониот суд за предметот „Титаник“ судијката Лилјана Ивановска-Шопова рече дека обвинетиот Никола Груевски бил повеќепати баран во неговиот дом, но доставувачот на поканата не бил пуштен од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Обезбедувањето одбило да ја прими поканата, а Груевски бил и телефонски повикан. Судот констатира дека обвинетиот е уредно повикан на денешната јавна седница на која Апелациониот суд ќе расправа дали 1.000 прислушувани материјали ќе бидат доказ во постапката за предметот за изборни измами.
Во судницата присутни се ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
В.М.
Извор: Макфакс