Обид за атентат на Тодоров пред Министерството за здравство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Напладне имало обид за атентат врз Никола Тодоров, во Министерството за здравство.
– Во 12:05 часот е пријавено дека е нападнат Никола Тодоров на 50-та девизија пред Министерството за здравство. Во врска со настанот е приведено едно лице – велат од Министерството за внатрешни работи.
МВР потврди дека лицето Љ.С. (1957) испукал два куршума кон поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој не е повреден. Полицијата подигнала и една чаура од каде е приведен напаѓачот.
Според неофицијални информации, напаѓачот е дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да одобри средства за таа да се оперира во странство. Решението за одобрените пари за операција во странство пристигна денот по нејзината смрт.
Сведоци неофицијално раскажуваат дека приведениот репетирал во главата на Тодоров, но Тодоров замавнал со рацете, по што обезбедувањето имало време да реагира и да го совлада напаѓачот.
Во 12:30 часот беше закажано примопредавањето на функцијата министер за здравство, кој Никола Тодоров требаше да ја предаде на Арбан Таравари.
Фото: „Вест“
Извор: Нова Македонија