Правдико

   

Обид за убиство и напад со нож во пошта во Тетово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовец скршил шалтерско стакло во објект на Македонски пошти во Тетово, се заканувал и со нож нападнал вработен, а потоа влегол во такси и на таксистот му нанел две убодни рани со ножот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против 57-годишниот Ќ.Н. под сомнение за убиство во обид.

На 14 октомври годинава, околу 13 часот, напаѓачот влегол во поштата на ул. „Илинденска“ во Тетово и, откако вработената, 31-годишната Ф.А., му посочила дека поради промена на смената ќе треба да почека за уплата, тој удрил со тупаница во шалтерското стакло. Парчињата од скршеното стакло се разлетале и вработената добила исеченица на лицето.

Тогаш излегол контролорот, 53-годишниот С.И., кој забележал дека напаѓачот држи нож во раката. Го замолил да го напушти објектот, при што Ќ.Н. почнал да му се заканува, а потоа го нападнал со ножот, нанесувајќи му исеченица во пределот на лицето.

Потоа напаѓачот излегол од поштата и влегол во такси, со кое управувал 60-годишниот М.А., и му се заканил дека ќе го убие ако не го однесе на одредена адреса. М.А. му одговорил дека има повик од други патници, по што пријавениот и нему му нанел две убодни рани во пределот на десната рака и една исекотина во пределот на дланката на левата рака.

Полициски службеници го привеле напаѓачот, а од на судија на претходна постапка му била изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико