Објавен е образецот на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор | Правдико

Правдико

   

Објавен е образецот на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

contract-management-projectВрз основа на член 13 став (3) од Законот за придонеси од задолжително социјално  осигурување, министерот  за  финансии донесе  Правилник за формата и соджината на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиot договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаните придонеси.

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок, пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување.

Правните лице-исплатувачи на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон. должни се до Управата за јавни приходи да доставуваат Месечен извештај (образец “МИ-Д/ И Н”) за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторс киот договор или друг договор, ис платениот нето надоместок. пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување, за секој обврзник за плаќање придонес поединечно, согласно член 13 став 1 точка 13 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Месечниот извештај “М И-Д/ И Н“ се изготвува за:

– лицата за кои правното лице (исплатувач на надоместокот) е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително
социјално осигурување:

– лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе.
Месечниот извештај се поднесува најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, задолжително по електронски пат

Начинот на електронско пополнување на извештајот е опишан во „Упатство за корисник“ и може да се врши:

– преку соодветна форма за внес на податоци за “М И-Д/ И Н” во е-Даноци; или

– со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци.

Во образецот “МИ-Д/ИН” задолжително се внесуваат податоците за:

– Единствен даночен број

– скратен назив и адреса на вистинско седиште за контакт,

– даночен период за кој се поднесува и рок на поднесување на извештајот.

Не впишувајте ништо во полињата кои ги пополнува Управата зајавни приходи. Износите се искажуваат во денари, без дени.

Месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување се поднесува во електронска форма на образец „МИ-Д/ИН”

Правилникот со Образецот можете да го превземете ТУКА

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико