Правдико

   

Објавен е текстот на предлог Законот за облигационите односи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постојниот Закон за облигационите односи, беше донесен во 2001 година. Карактеристично за Законот за облигационите односи од 2001 година беше што со него, пред се се напуштија некои од дотогашните концепти и решенија кои беа анахрони на новиот систем на општествено, екомомско и политичко уредувањене на заемјата и се заменија со нови.

Покрај тоа во законот се уредија и некои договори коишто до тогаш не беа уредени со него. За разлика од ова, поголеми измени и дополнувања на законот се направија во 2008 година. кои имаа, пред се, за цел усогласување со одредени делови од правото на Европската унија. соодаетни за оваа материја како и законско уредување на изменетите концепти кај одговорноста за штета, на новиот концепт на каматата (договорна и казнена) како и (пре)уредување на прашањата на објективната одговорност за штета и одговорноста за нематеријална штета, со посебен акцент на одговорноста за повредата на личните права, и тоа како оние на физичките така и на правните лица.

Истиот до сега е менуван и допопнуван во неколку наврати од кои последен пат во 2009 година. Во меѓувреме од страна на Европската унија следуваше измени на нивното законодавство кое е тесно поврзано со материјата која ја опфаќа ова законско решение, поради што се јави се јави потребата од целосна ревизија на систематизирањето и регулирањето на облигационите односи, како заради усогласување со законодавството на Европската унија. така и заради приспособување на законодавството на новите модерни општествени текови. Во подготовката на ова законско решение во предвид беа земени и решенијата од најрелевантните закони/законици кои ја регулираат оваа област (францускиот, германскиот, италијанскиот, швајцарскиот, австрискиот, холандскиот, рускиот и др.).

Исто така, во текот на изминатите години со примената на постојното законско решение се јави голем проблем и во однос на решението за каматите кое е содржано во постојниот Закон за облигационите односи што влијаеше врз тоа во многу од случаите во должничко – доверителските односи, казнената камата неколкукратно да го надминува главниот долг. што создаваше ситуација на неможност на одредени категории физички и правни лица во својство на должници да го подмират долгуваниот однос, заради што истиот постојано растеше, особено во спорови чија исплата и подмирување се развлекува и по неколку години.

Со предлог законското решение се врши усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за борба против задоцнето плаќање во трговските трансакции, во поглед на казнените камати: Директивата 2011/83/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 25 октомври 2014 година за правата на потрошувачите, во поглед на правата на патниците кај договорите за организирање патуаање:; Директивата на Советот 86/0653/ЕЕЗ од 18 декември 1986 година за усогласување на правата на државите-членки во поглед на самовработените трговски застапници и Директивата (ЕУ) 2015/2302 на Европскиот парламент и на Советот од 25 ноември 2015 година за пакет-аранжманите и поврзаните патнички аранжмани. Покрај наведеното се врши и дополнително усогласување со одредени одредби од Виенската конвенција, UNIDROID и Ландо начелата.

Исто така се прават значителни измени и во однос на делот на казнената камата, особено преку воведување на општа одредба за течење на казнената камата при што се прецизира дека кога износот на втасаната, а неисплатена казнена камата ќе се изедначи со главниот долг таа престанува да тече. Промени се прават и во одредени поединечни видови на договори, заради допрецизирање и појаснување на одредени правила.

Се воведува нов член со кој се прецизираат видовите стапки на казнена камата, стапка на законска казнена камата и стапка на договорна казнена камата. Сегашниот член со кој се уредува прашањето на висината на стапката на казнената камата со соодветни измени заради усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ за борба против задоцнето плаќање во трговски трансакции е поделен во два засебни члена, при што се уредува засебно законската казнена камата и засебно договорната казнена камата. За разлика од сегашното решение се предпага намалување на бројот на проценти поени за кои се зголемува референтната стапка се намалува за два (од 10 на 8. односно до 8 на 6. согласно правилата поставени во Директивата).

Понатаму се определуваат прецизни правила за определување на стапката на казнената камата кога паричната обврска е определена или изразена во странска вапута, реферирајќи на стапките на ЕУРИБОР и ЛИБОР. Во поглед на договорната казнена камата исто така се прават интервенции во максималните висина на каматната стапката која што може да се определи со договор.

Исто така се воведува општа одредба за течење на казнената камата при што се прецизира дека кога износот на втасаната, а неисплатена казнена камата ќе се изедначи со главниот долг таа престанува да тече.

Промени се прават и во одредени поединечни видови на договори, заради допрецизирање и појаснување на одредени правила.

Целиот текст на Предлог Законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико