Објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија | Правдико

Правдико

   

Објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

European_Commission.svgДенеска(10.11.2015) Европската комисија го објави извештајот за напредокот на Македонија во кој се нагласува сериозната загриженост за ситуацијата во земјата и застојот на реформите во некои сектори. Прислушкувањето на граѓаните во кои очигледно се вклучени и високи владини преставници укажува на кршење на основните права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и партизација на институциите.

Се бара расчитување на инцидентот во Куманово и подобрување на етничките односи во државата како и целосна имплементација на Охридскиот договор.

Што се однесува за судството се забележува назадување на реформскиот процес, поради политичкото мешање во работата на судството. Се бара политичка волја за расчистување на случаите со прислушкуваните разговори како и овозможување на Специјалниот јавен обвинител да работи без опструкции.

Посебно се нагласува загриженоста за дискриминацијата и хомофобијата врз ЛГБТ заедницата.

Целиот извештај на англиски јазик можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико