Објавена листа на субјекти за бришење од Централниот регистар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва, објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2014 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2013 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица.
Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.
Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.
Доколку за субјектите од списокот за коишто Централниот регистар евидентирал писмено известување за поднесување предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот пасос Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, Централниот регистар на Република Македонија го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страбница.
Листата на субјекти можете да ја превземете ТУКА