Правдико

   

Објавени нови аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На јујтуб каналот U6e Big“ се појавија нови аудио-записи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Тој додава дека во неа имало џи-пи-ес, а била шетана и надвор од Македонија. Истиот глас го споменува и Врховниот суд и извесен Јово. Во аудио записите се споменува и обвинителката Вилма Русковска.

„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не нè пуштија они. Што зборите вие?“

„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молимте уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав..“, вели гласот кој наликува на оној на сведокот во „Рекет“.

„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.

„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.

„Тоа не е сè. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори“, по што повторно следи смеење.

Соговорникот прашува „Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“, одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање: „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев“.

„Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“, вели гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“.

Во два посбни аудио-записи, гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“ заедно со други соговорници зборува и за односнот на обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 со осудениот Зоран Милевски-Кичеец. Во еден момент, соговорникот вели „Орце, шокираш, Орце“.

„Знаеш колку е исшетан тој куфер, колку е изнасниман?“, се слуша од гласот што наликува на сведокот, смеејќи се. Од соговорникот добива ново прашање „Кај идел со тој куфер?“, на што сведокот одговара „Во Загреб, во Италија, во к**ови, па со Зоки биле во Милано заедно. Абе Зоки се плеска со него, што е работава? Дејан ги фатил како се лижеле. Јас не сум ги видел. Деки ги фатил како се лижеле. Мене ми кажа друг човек, го е**л овој нашиов за 500 евра, 500 евра од е***е. Три пати ако сакаш. Исти к**ац дали е пи**а. Кај се заработуваат 1500 дневно бе, каде“, вели гласот кој наликува на сведокот од „Рекет“, по што соговорниците велат: „Орце, шокираш, Орце“.

Разговорот продолжува со гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“ кој вели: „Факт е дека имало нешто, викаат интимно. Небитно, може. Секој може да биде би, геј, стрејт, секој може да биде различно. За вкусови не се разговара, уствари“.

Во две аудиоснимки се споменува извесен Геро, што упатува на тоа дека можеби станува збор за новинарот Бранко Героски кој прв објавуваше текстови за рекетот кој го земал Бојан Јовановски познат како Боки 13. Гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, вели: „Геро ќе ги пука сите сега“.

„Влегуваш во таков хард-кор порнич. Богат човек си, си направил услуги на светот, на запад. Седни изиграј малце, напрај, седни со Христијан, договори се. Свиткај кичма, си свиткал и за името. Се е договор, да го е**м. Што е ова тепање, крвови да има. Во оваа битка губи, он нема нуклеарка. Он има хелихоптери, од Љубе Бошковски на времето, оние. Тие не стануваат писта. Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде“, се слуша во снимките.

Во последната објавена снимка се зборува за давање на 100 илјади евра на истражител за да даде некакво стикче.

„Се знае точно кој ги има сработено. Они кога се уште ретардирани во институции имаат луѓе… Знаеш ти што значи 100 илјади евра да дадеш на истражител, за да ти даде на стикче? 100 илјади евра?“, се слуша на аудиоснимката.

Аудио снимките можете да ги слушнете ТУКА

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико