Правдико

   

Објавени новите цени на роаминг-услугите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните на Северна Македонија од денеска при секое патување во земјите од регионот, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС-пораки, да добиваат повици и примаат повици за цени пониски дури и до 99 отсто, најави министерот за информатичко општество и администрција, Дамјан Манчевски.

Тој информира дека граѓаните на Северна Македонија од денес ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан по цена од 5,05 денари по минута (со ДДВ), а досегашната цена во просек беше 75,4 денари, ќе можат да примаат повици во  која било од земјите од Западен Балкан по цена од 2,9 денари по минута (со ДДВ), а досегашната цена во просек беше 30,2 денари.

Исто така, ќе можат да праќаат СМС-пораки од  која било од земјите од Западен Балкан по цена од 2,6 денари (со ДДВ), а досегашната цена во просек беше 16,1 денар и ќе можат да користат интернет во земјите од Западен Балкан по цена од 1,9 денари (со ДДВ).

Цените се линеарни, односно важат за сите земји и за кој било оператор.

Намалувањето на цените изразено во проценти значи: за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора: 68% за појдовни повици,
31% за дојдовни повици, 71% за СМС и 89% за користење на интернет.

Процентуалното намалување за сите услуги во Албанија и Косово е над 93%.

Намалувањето на цените на услугите во роаминг, произлезе како заклучок од првиот дигитален самит што се одржа во Скопје, по што следуваше потпишувањето договор помеѓу сите 6 држави на самитот во Белград.

Манчевски најави дека се планира од 1 јули 2021 година корисниците воопшто да не плаќаат за користење на роаминг-услугите во шесте земји на Западен Балкан. Тогаш во сила ќе стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот на земјите од Европската Унија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико